Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советот на јавни обвинители денеска расправа за разрешување на Коцевски
Македонија

Советот на јавни обвинители денеска расправа за разрешување на Коцевски

02/04/2025

AA

Советот на јавни обвинители денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова е втора точка на дневниот ред на 22. седница, која досега двапати беше одложена – првично на 18 март поради националната жалост за трагедијата во Кочани, а потоа на 26 март поради недостаток на кворум.

Согласно законските рокови, Советот мора да го разгледа предлогот најдоцна до крајот на неделата, иако Владата најави дека ќе ја прекине постапката.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на 26 март изјави дека, доколку Советот донесе мислење за разрешување на Коцевски, Владата нема да го проследи до Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски, по трагедијата во Кочани, исто така потврди дека постапката ќе биде запрена во тековната фаза.

Владата на 11 февруари поведе постапка за разрешување на Коцевски, кој беше назначен пред една година со мандат од шест години. Министерството за правда изготви Предлог-мислење за негово разрешување, постапувајќи по заклучок од 50-та владина седница.

Според Министерството, Коцевски постапувал во предмети во кои постоеле околности што предизвикуваат сомнеж во неговата непристрасност и судир на интереси, а тој требало да се изземе.

Коцевски ги негира овие тврдења, нагласувајќи дека постапувал согласно законот и роковите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени

09/04/2026
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата

09/04/2026
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
Македонија

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ

08/04/2026
Македонија

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го

08/04/2026
Македонија

МИЛИОНСКИ ПАКЕТ ОД САД ЗА ОДБРАНАТА, ЕНЕРГЕТИКАТА И ВО САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

08/04/2026
Македонија

Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови

08/04/2026
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени на гробиштата во Бутел

09/04/2026

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата генерација

09/04/2026

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy