Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од расправата за разрешување на Коцевски
Македонија

Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од расправата за разрешување на Коцевски

02/04/2025

AA

Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од расправата за разгледување на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Членовите на Советот се собраа денеска по две одложувања за да ја разгледаат оваа точка, но веднаш беше предложено седницата да се одржи зад затворени врати. Причината за оваа одлука, како што беше истакнато, е сензитивноста на ситуацијата и податоците и доказите кои ќе бидат изнесени.

Предлогот за затворање на седницата беше даден од членката на Советот, Зорица Павловиќ, која се повика на член 10 од Законот за Совет на јавни обвинители, нагласувајќи дека тоа е потребно за заштита на угледот на јавниот обвинител и доверливоста на фактите и доказите кои ќе бидат презентирани.

Независно од тоа, и нејзината колешка, Светлана Стојковиќ, го поддржа истиот предлог, додавајќи дека јавноста треба да биде исклучена и поради сензитивноста на ситуацијата по трагедијата во Кочани, како и заштитата на угледот и интегритетот на јавниот обвинител.

Дискусијата за разгледување на предлогот продолжува, а Советот најави дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши расправата и кога ќе се премине на гласање за мислењето што треба да го донесе во однос на предлогот за разрешување на Коцевски.

Советот има рок до утре да го достави своето мислење по предлогот на Владата, иако според најновите информации, тоа нема да има влијание на целокупната постапка. Владата реши да ја прекине постапката по трагедијата во Кочани, каде загинаа 59 лица, и како што најави премиерот Христијан Мицкоски, истата ќе остане во сегашната фаза додека трае истрагата за пожарот во Кочани.

Владината портпаролка, Марија Митева, на прес-конференција изјави дека, дури и ако Советот на јавни обвинители достави мислење, Владата нема да го проследи до Собранието, туку ќе ја прекине постапката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени

09/04/2026
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата

09/04/2026
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
Македонија

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ

08/04/2026
Македонија

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го

08/04/2026
Македонија

МИЛИОНСКИ ПАКЕТ ОД САД ЗА ОДБРАНАТА, ЕНЕРГЕТИКАТА И ВО САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

08/04/2026
Македонија

Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови

08/04/2026
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени на гробиштата во Бутел

09/04/2026

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата генерација

09/04/2026

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy