Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОСТОЈБАТА ВО БИХ Е МНОГУ ТЕШКА: Ново предупредување за врнежи – се уште се трага по исчезнатите
Регион

СОСТОЈБАТА ВО БИХ Е МНОГУ ТЕШКА: Ново предупредување за врнежи – се уште се трага по исчезнатите

07/10/2024

AA

На четвртиот ден од катастрофалните поплави и одрони во кои загинаа најмалку 20 лица, додека трае потрагата по исчезнатите, ситуацијата е многу отежната, а последиците се уште се видливи, најмногу во Доња Јабланица, која најмногу настрада.

Дарко Јука, шеф на Одделот за односи со јавноста на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), претходно денеска изјави дека се уште трагаат по девет лица – пет во Јабланица и четири во Коњиќ.

Особено загрижува новото предупредување од Федералниот хидрометеоролошки завод за нови врнежи кои се очекуваат во наредните денови.

Водата и одроните уништија куќи и оштетена инфраструктура, а има и жртви.

Многу патишта се уште се блокирани, па се користат обиколници.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (EUCPM) е активиран за Босна и Херцеговина, а на терен ќе пристигнат тимови за одговор, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Вооружените сили на Босна и Херцеговина денеска ги зајакнаа своите капацитети да му помогнат на населението во елиминирање на последиците од поплавите и одроните.

– Од утрово продолжи ангажманот со инженерски машини во општина Јабланица и градот Коњиќ (населбите Крапина и Бутуровиќ Поље). Исто така, во општините Кисељак и Фојница, покрај зголемениот број луѓе, ангажирана е и механизација. На готовност се и хеликоптерски капацитети и други ресурси на вооружените сили на Босна и Херцеговина – соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Се проценува дека во повеќе од 10 села во атарот на Коњица се уште не е пристигната помош поради огромните штети на патиштата и големата оддалеченост, а најмногу тоа се планинските села под Битовња, соопштија утрово од Оперативниот центар за цивилна заштита на ХНК.

Папата Франциско упати сочувство и порака за поддршка до жителите на БиХ: „Ја изразувам мојата блискост со населението на Босна и Херцеговина погодено од поплавите. Господ да ги земе мртвите во своите раце, да ги утеши нивните семејства и да им биде поддршка и помош на тие заедници“, рече Папата во обраќањето пред верниците на плоштадот Св. Петар во Ватикан.

Катастрофални поплави на 3 октомври во ноќта меѓу средата и четвртокот го погодија подрачјето на Јабланица, Фојница, Коњица, Крешево и Кисељак, во кои досега загинаа најмалку 20 лица.

Одроните и големите количества дожд предизвикаа огромни материјални штети на патната инфраструктура, куќите и другите објекти.

Бројни спасувачки екипи од Босна и Херцеговина, регионот и светот се на терен и ги пребаруваат споменатите области со цел да ги пронајдат исчезнатите лица.

Фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45794
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин посочи дека тој е значаен

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy