
Соседите тврдат дека потстанарите не плаќале кирија, му направиле долг на Ѓорѓе А. и го малтретирале
Соседите го бранат Ѓорѓе А. од Смедерево кој активираше експлозив во зграда затоа што потстанарите не му плаќале кирија.
„Тој беше жртва, но испадна дека е криминалец! Тој стан во центарот го купи од својата чесна програмерска работа и живееше во оваа скромна куќа“, вели првиот сосед на Ѓорѓе А. од Смедерево.
Според соседите, 57 годишниот Ѓорѓе имал проблеми да наплати 7.000 евра долг за неплатени сметки од неговите потстанари, за што извршители дури дошле да му го одземат имотот, пишува Мондо.
„Пред 10 години ја купи таа гарсоњера, а пред три години се досели тоа семејство, кое првично ја плаќаше киријата. Но, набрзо ја сменија бравата и човекот не можеше да влезе во неговиот стан“, раскажуваат соседите.
Дури соседите велат дека потстанарите го тепале човекот.
„Живееше сам, одамна беше оженет, но се разведе. Страшно е тоа што го направи, но сите велат дека болката го натерала сам да го реши проблемот. Луѓето, тие станари го тепале, го омаловажувале и сето тоа во неговиот стан“, велат преплашените соседи.
Тој загинал во инцидентот синоќа, а повредени се брат и сестра, Никола П.(25) и Миљана П.(22). Експлозијата се случи на петтиот кат од зградата, а од силината на експлозијата биле исфрлени сите врати во зградата, додека петтиот кат е целосно уништен.

