Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување
Економија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

25/11/2024

AA

Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола. Овие состаноци имаат цел подобро да ги објаснат водечките принципи на тендерскиот процес на „Бехтел ЕНКА“ за зајакнување на учеството на локалните компании во проектот за изградба на автопатишта, што до денес, според информациите на „Бехтел ЕНКА“, кулминира со приближно 90 отсто домашни компании од подизведувачите и со 65 отсто од добавувачите. Во рамките на соработката со Стопанската комора, оваа иницијатива е насочена кон транспарентна соработка и кон поблиско запознавање на компаниите членки на Комората заради појаснување на процесите за соработка при реализација на работните активности за изградба на посочените коридори, со вкупна должина од 111 километри. Објаснувањето на тендерскиот процес се однесува на работи, услуги и на стоки.

За време на состанокот беа дискутирани две клучни теми:

– Промоција на домашните компании: Стопанската комора и нејзините членки и претставниците на „Бехтел ЕНКА“ се согласија и нагласија дека интеграцијата на локалните ресурси и експертиза е од голема важност за успешно завршување на проектот.

– Процеси на соработка: постапки за учество на домашните компании во тендерските постапки и процеси на набавки.

Се разговараше за процедурите за подобрување на комуникациите и на транспарентноста во рамките на овие процеси, како и за надминување на потенцијалните бариери.

Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ преку оваа и преку големиот број средби со претставници на Стопанската комора ја потврдува својата намера да работи партнерски со домашните компании, но и да даде поддршка и појаснување во процесите на учество и на соработка. Од „Бехтел ЕНКА“ објаснија дека со завршувањето на поголема експропријација ќе има повеќе работни фронтови и повеќе можности за домашните компании. Претставниците на Конзорциумот истакнаа дека се посветени на создавањето услови за ефектно вклучување на домашните компании, со што ќе се овозможи поттик за локалната економија.

Комората ја поздравува заложбата на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“, која ќе значи креирање простор за работа и зголемено учество на домашните компании, кое, пак, неизбежно ќе доведе до значителна економска придобивка. 

Во следниот период Стопанската комора на Северна Македонија заедно со „Бехтел ЕНКА“ ќе продолжи со организирање работни состаноци и презентации во регионалните канцеларии на Комората во Штип, Кавадарци и во Кичево. Овие активности ќе овозможат пошироко вклучување на локалните компании во изведбата на овој проект од национална и стратегиска важност.

За повеќе информации заинтересираните компании можат да се обратат на следните електронски адреси:

–за општи информации: info@beuk.mk

–за информации поврзани со набавки: procurement@beuk.mk

–за информации за подизведувачи: subcontracts@beuk.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46648
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Патриотизмот не се докажува со

07/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и на СДСМ

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за успешни реформи

07/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy