Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сопругата на Андреј по обвинението за трагедијата во „Пулс“: „Ако нема правда – ќе не’ има се повеќе“
Македонија

Сопругата на Андреј по обвинението за трагедијата во „Пулс“: „Ако нема правда – ќе не’ има се повеќе“

13/06/2025

AA

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на загинатиот пејач Андреј од познатата музичка група „ДНК“, се огласи на социјалните мрежи по денешното соопштение од Јавното обвинителство во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во објавата, Ѓорѓиеска упати силен јавен апел за неселективна и правична правда за сите жртви и одговорни лица:

„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки“, напиша таа на „Фејсбук“.

Трагедијата што се случи во април ја потресе целата јавност, кога во силен пожар во преполнетата дискотека животот го загубија неколку млади лица, меѓу кои и фронтменот на „ДНК“.

Денес, обвинителот Коцевски изјави дека Обвинителството е сигурно во своето обвинение и не се откажува од гонење на преостанатите членови на бендот, кои се обвинети за донесување пиротехника на кобната вечер. Како што истакна, доказите ќе бидат презентирани пред судот.

Обвинителството вети дека ќе ја изнесе целосната слика во судница – јавноста, пак, бара да види правда што не познава селективност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
Македонија

Износ на казна, доказ фотографија со возилото и регистарската таблица

21/08/2026
Македонија

Пожарите не стивнуваат: Над 15 огнени жаришта низ земјава, четири

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45170
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо од дозволеното

21/08/2026

Наместо безбедно да ја напушти земјава, 35-годишен холандски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле без возачка дозвола

21/08/2026

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy