
Сончево со локална облачност, ќе има и дожд – еве каде низ Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

