Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сограѓанин го демнел градоначалникот на Неготино, му испраќал пораки и фотографии!
Македонија

Сограѓанин го демнел градоначалникот на Неготино, му испраќал пораки и фотографии!

03/03/2025

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Демнење согласно член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка. Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од Судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 30-годишник во Трубарево: Со остар предмет се заканувал на

22/07/2026
Македонија

Кривични пријави за четворица од Вевчани: Ја оштетиле „Национални шуми“

22/07/2026
Македонија

62-годишник од Струмица силувал дете

22/07/2026
Македонија

Пожар во стан во Кичево, пронајдено тело на 37-годишно лице

22/07/2026
Македонија

Падна рекорд стар 36 години: Вчерашното невреме го донесе најсилниот

22/07/2026
Македонија

Невремето не го поштеди ниту симболот на градот: Оштетен саатот

22/07/2026
Македонија

Управувачкиот комитет на седница: Се крои план за враќање на

22/07/2026
Македонија

Вчера во Скопје имало ураган со брзина од 134 километри

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44563
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 30-годишник во Трубарево: Со остар предмет се заканувал на поранешните работодавци

22/07/2026

На 21.07.2026 во 17:00 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Ш.(30) од с.Трубарево,

Кривични пријави за четворица од Вевчани: Ја оштетиле „Национални шуми“ за над 570 илјади денари

22/07/2026

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за

62-годишник од Струмица силувал дете

22/07/2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy