Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОБРАНИЕТО СЕ „ПОЛНИ“ СО СОВЕТНИЦИ И ПОМОШНИЦИ РАКОВОДИТЕЛИ – платите и не се така лоши, стигнуваат и до 1.000 евра
Економија

СОБРАНИЕТО СЕ „ПОЛНИ“ СО СОВЕТНИЦИ И ПОМОШНИЦИ РАКОВОДИТЕЛИ – платите и не се така лоши, стигнуваат и до 1.000 евра

30/01/2024

AA

Непосредно
пред Собранието да добие нов спикер, Јован Митревски, и да ја избере техничката
Влада, на чие прво столче, пак, седна досегашниот собраниски претседател Талат
Џафери, но, што е уште побитно, и пред да почне “ембаргото” за вработување во државната администрација,  законодавниот дом решил и да се „поднови“ со нови вреаботени, и тоа не
само на пониските, туку и на повисоките места.

Се
бараат собраниски државни советници, раководители, помошници раководители, но и
обични советници.

Пониските
места носат и пониски плати, но оние повисоките, како што се собраниските
државни советници и помошниците раководители, не се воопшто лоши, па дел се
доближуваат и до 1.000 евра, заедно со другите примања кои следуваат покрај
основицата.

Собранието
во четвртокот минатата недела распишало оглас за вработување на 12 државни
службеници.

Првиот
кадар што се бара е собраниски државен советник за
безбедносни прашања и безбедносен надзор,
со образование од најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, а
во делот на одбрана,
безбедносни науки или,
пак, правни науки.
Овој кадар треба да има и искуство и тоа најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку двегодини на раководно
работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во
струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен
сектор.

Од
посебни работни компетенции треба да исполнува активно познавање на компјутерски програми за
канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување,
како и активно познавање на
еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
– англиски, француски
и германски.

За
него се бараат и дополнителни услови и тоа минимум 10 години професионално искуство во безбедносниот сектор
или на должности поврзани со безбедносниот сектор,
да исполнува услови за
добивање на национален безбедносен сертификат со степен Државна тајна
и да поседува знаења за
демократските вредности на парламентарниот надзор над безбедносниот и
разузанвачкиот сегмент.

Неговата
плата нема да биде воопшто лоша и ќе изнесува 56.945 денари.

Согласно годишниот план
на институцијата за 2024 година овој советник треба
да биде етнички Македонец.

Истиот
износ на плата или нето 57 илјади денари ќе зема и собранискиот државен
советник за политички систем.

Неговото
високо образование кое е неопходно треба да биде од делот на правни науки, политички науки или наука за книжевноста,
а во поглед на искуството треба да ги исполнува буквално истите услови за
години стаж во струка и на раководни позиции како и неговиот килега, советникот
за безбедносниот сектор.

Според
својата национална припадност, пак, тој треба да биде Албанец.

Следуваат
помошниците. Се бараат двајца помошници раковподители на сектор за работни тела
на Собранието.

Од
образование треба да имаат ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на
квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС
од делот на правни,
економски науки
и политички науки или наука за земјиштето и
хидрологија, а од искуство најмалку четири години
работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во
јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои
најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Нивната
плата ќе биде 48.488 денари,
при што едниот од нив треба да биде Македонец, а другиот Ачлбанец.

Се
бара и еден помошник раководител на сектор за преведување и
толкување, кој треба да има факултет наука за книжевноста, наука за јазикот
(Лингвистика), но група албански јазик или психологија
и најмалку четири години
работно искуство во струката од кои најмалкуедна на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест
години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно
работно место во приватен сектор.

И неговата плата е 48 и пол илјади денари,
а етнички мора да биде Албанец. За иста плата ќе работи помошник раководителот на сектор за поддршка на националниот совет за евроинтеграции и следење
на евроинтеграциите, а тој треба да
биде Македонец.

Се бараат и
неколку советници за плати од по близу 39 илјади денари, потоа соработници за по
33 и пол илјади денари, како и референт кој ќе зема околу 28 илјади денари
месечен надоместок.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
Македонија

Пад на градежната активност: Во јули издадени 367 одобренија за

10/09/2026
Македонија

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и

10/09/2026
Македонија

Клековски: Стивнува епидемијата на западнонилска треска, шест пациенти на Инфективна

10/09/2026
Македонија

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45612
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки испит

10/09/2026

Дванаесет возачи во изминатото деноноќие завршија во полициска станица поради безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без положен возачки

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за 11-годишниот македонски пијанист

10/09/2026

Македонското знаме се вееше на сцената во Њујорк, каде 11-годишниот пијанист Андреј Цековски го прими златниот медал и пехарот за

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и засилен ветер

10/09/2026

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од земјава, а според последните радарски податоци, најизразена е облачноста во северозападните и западните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy