Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собранието изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Македонија

Собранието изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

29/07/2025

AA

Собранието му изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова значи дека сега тој треба да одлучи дали сам ќе се повлече од функцијата преку поднесување на оставка или ќе продолжи да работи.

На поднесената интерпелација од Левица, поддршка дадоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ рекоа дека третата власт треба да биде независна и дека потребно е професионално јавно обвинителство.

„Интерпелацијата нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот“, рекоа до СДСМ.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка на интерпелацијата се очекува дека Владата ќе поднесе и предлог за разрешување, што беше идеја пред трагедијата во Кочани.

Во Законот (член 87), како причини за престанок на функцијата се наведуваат: сопствено барање, губење на државјанство, трајна загуба на способноста за вршење на функцијата, старосна пензија, избор на друга функција, правосилна пресуда со најмалку шест месеци затвор.

Во следниот член 88, се предвидуваат уште неколку опции. Едната е дека Влада по претходно мислење од Советот на јавни обвинители „поднесува предлог за разрешување“, како и дека Советот сам може да поведе иницијатива образложувајќи ги причините, околностите и фактите.

Истиот член предвидува и дека на републичкиот обвинител може предвреме да му заврши мандатот поради тешка дисциплинска повреда, како и доколку стане член на политичка партија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy