Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ – КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети
Економија

СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ – КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети

23/05/2025

AA

Сојузот на стопански комори заработи прекршочна казна од Комисијата за заштита на конкуренцијата, во висина од над 0,87 проценти од вкупните приходи што оваа комора ги остварила во текот на минатата година. 

Имено, Комисијата
за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во поведена
прекршочна постапка донела решение за изрекување на прекршочна санкција за
Сојузот на стопански комори на Македонија, заради давање на неточни, нецелосни
податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување
по прекршок, се наведува во соопштението од КЗК.

„Комисијата
по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири
големи синџири на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување
што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.
Во текот на постапката, иако претходно
опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на
конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласночлен 61 став (1) точка 10 од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор
и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на
Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на
забранет договор (картел) помеѓу четирите големи синџири на маркети.

При контрола
на службената комуникација на овластените лица во Комората од страна на
Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале
активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни
податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.

Имајќи ги
предвид тежината
на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го
утврдува во висина од 0,8747 отсто од приходите на ССКМ остварени во 2024 година“, се вели во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

Како непрофитна организација, ССКМ не е обврзана да ги објавува своите финансиски извештаи јавно, врз основа на што би можело да се утврди колку изнесуваат приходите остварени во текот на минатата година, а верз таа основа и колку пари ќе изнесува нивната прекршочна казна.

Инаку, извршен директор на ССК е Сузана Јаневска, а таа комора има седдуммина потпретседатели, но КЗК не наведува точно за кој од потпретседателите прецизно станува збор. 

Во октомври годинава Комисијата за заштита на конкуренцијата, преку соопштение до медиумите, објави дека неколку синџири на маркети нелегално се договарале за усогласено делување спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата. Од КЗК тогаш известија дека ова било констатирано по направена ненадејна контрола кај правните лица, како и дека била поведена прекршочна постапка.

Комисијата за заштита на конкуренцијата тогаш направила ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која тие се здружени, истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените. 

Имено, при контролата во службените простории на правните лица, односно синџири на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени биле докази дека тие донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy