Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сојузот на Средношколци: Учениците од сите возрасти чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена
Македонија

Сојузот на Средношколци: Учениците од сите возрасти чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена

07/12/2023

AA

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат нашата тага и потресеност по овие грозоморни настани.

Оваа трагедија ќе ни служи како сурова лекција за попретпазливост, емпатија и сплотеност, но по најскапата цена – човечки животи. Учениците од сите возрасти чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена, а воедно и нивниот комфорт како млади. Апелираме во овој период интензивно да се внимава на менталното здравје, особено во училиштата како исклучително важна средина погодена од овој настан.

Сојузот ги потенцира дополнителниот страв и паника предизвикани од информациониот хаос во медиумите и социјалните мрежи. Нашата медиумска неписменост, иако е детска и невина, има сериозни последици кои го влошуваат и пролонгираат ефектот на ваквите немили настани откако ќе се случат.

Покрај информационата криза, согледавме дека не само младите, туку мнозинството граѓани се во бунило како да го искажат својот гнев и ефикасно да дејствуваат во пракса. Евидентно е дека има силен револт и дека тој е широко присутен, но сѐ уште на видик нема позитивна промена во реалноста како одговор. Веруваме дека ова се должи на ниското ниво на запознаеност со демократскиот систем, процеси и движења.

Сојузот ја потсетува јавноста дека една од неговите главни заложби е зголеменото образование токму во овие области, за спречување и подобро менаџирање на ваквите ситуации во иднината. Апелираме до институциите за поинтензивна работа и приоритизирање на развој на предлозите од Белата книга на Сојузот ,,Изучувањето на граѓанското и финансиското образование, медиумската писменост и дебатата во средните училишта како предуслов за градење активни граѓани‘‘ кои ден за ден се покажуваат како сѐ понеопходни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy