Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со мирен собир на плоштадот во Скопје ќе се одбележат 6 месеци од трагедијата во Кочани
Македонија

Со мирен собир на плоштадот во Скопје ќе се одбележат 6 месеци од трагедијата во Кочани

14/09/2025

AA

Шест месеци по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, правната разврска добива нови димензии со обвинение и против реалниот сопственик на објектот, но граѓанскиот притисок за целосна одговорност не запира. Неформалното движење „Кој е следен?“, кое настана по несреќата, најави нов мирен собир во Скопје во вторник, 16 септември, точно на шестмесечнината од денот кога во пожар згаснаа 62 животи.

Истрагата на Обвинителството резултираше со два клучни чекори. На 13 јуни беше поднесено обвинение за Тешки дела против општата сигурност против 34 физички и три правни лица. На 5 септември, пак, беше поднесен и обвинителен акт против сопственикот на фирмата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, кој се товари дека лично раководел со дискотеката, дал инструкции за употреба на пиротехника, дозволувал влез на малолетници по полноќ и работел без безбедносен план, наводно со дозвола од властите.

И покрај овие чекори, од движењето „Кој е следен?“ сметаат дека борбата за правда мора да продолжи. Тие го опишуваат настанот не како несреќа, туку како „масакр“ и „свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел“. Повикувајќи на „тивок собир и ѕвездено небо“ на Плоштадот Македонија, тие порачуваат дека „болката мора да нѐ разбесни и поттикне на акција“.

Ова движење покажа истрајност во изминатите месеци, почнувајќи со првиот марш на 18 март, преку герила акција пред Обвинителството во мај, па сè до континуираната поддршка на „Маршот на ангелите“ што семејствата на жртвите го организираат секоја сабота во Кочани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy