Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со интервенцијата од д-р Митрев избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска
Македонија

Со интервенцијата од д-р Митрев избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска

10/03/2025

AA

На 64-годишниот пациент од Хрватска му е спасена ногата од ампутација со интервенција направена од д-р Митрев. Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет дојде во Клиника Жан Митрев по неколку направени операции во Хрватска, два периферни бајпаса на десната нога и се соочуваше со можност неговата нога да биде ампутирана. Пациентот имаше проблеми со протокот на двете артерии на десната нога, но и покрај постојаните болки од тамошните лекари му било кажано дека сите опции се веќе исцрпени и дека ногата треба да биде ампутирана.

На Кујунџиќ, д-р Митрев му направи тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата помина успешно и ногата на пациентот е спасена, 

„По пребарување на интернет ги прочитав сите пофалби за Клиника Жан Митрев и се уверив дека докторите се стручни. Исто така, стапив во контакт со пријател со истиот проблем на кој д-р Митрев, исто му ја спасил ногата и кој ми ги пренесе сите позитивни искуства. Тоа беше последниот знак дека ако сакам да се излечам морам да дојдам во оваа клиника“, вели Слободан Кујунџиќ од Хрватска.

Овој 64 годишен пациентот веќе се врати во Хрватска подвижен и подготвен да продолжи со своето секојдневие.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy