
СО ГОДИНИ ГИ ТРЕСЕ КРИЗА: Бензинот во Куба ќе поскапи над 500 отсто
Драстично поскапување од идниот месец ќе има за кубанските граѓани. Бензинот во Куба ќе поскапи над 500 отсто. Покрај тоа, Куба во иднина ќе продава бензин на странци исклучиво за долари.
Цените на бензините ќе пораснат за повеќе од 500 отсто од 1 февруари. Веста ја потврди кубанскиот министер за финансии и цени Владимир Регуеиро на државната телевизија на земјата.
Зависно од квалитетот, цената ќе се зголеми од 25 кубански пезоси (0,2 долари) за литар на 132 пезоси (1,1 долари) и од 30 пезоси (0,24 долари) на 156 пезоси (1,25 долари).
Цените во долари не го одразуваат официјалниот, туку реалниот курс на црниот пазар на Куба.
Минатата година и кубанската економија забележа пад од 2 отсто, а инфлацијата изнесуваше 30 отсто.
Кубанците веќе четири години се соочуваат со зголемен недостиг од храна, лекови, гориво, електрична енергија и стоки за широка потрошувачка, а владата сака да ја подобри економската состојба со нови мерки.
Куба се соочува со економска нестабилност. Многу Кубанци ја напуштаа земјата и како мигранти влегуваат во Европа, барајќи излез од ситуацијата.
foto freepik.com/fxquadro
