
Со електрошокови и солзавци: Бугарски државјанин пробал да влезе во Македонија
На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР.