Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!
На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.