
СНИМКА ОД ПЛАЖА ВО БУДВА ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ – дали е ова можно и дали овие луѓе треба да се кзанат
Неодамна на популарната страница на Инстаграм „podgorički.vremeplov“ се појави видео кое го привлече вниманието на голем број луѓе. На видеото е прикажана сцената од плажата „Јаз“ во Црна Гора, една од популарните дестинации во близина на Будва.
На видеото можеше да се види група туристи кои на свој начин уживаат во одморот. Она што многумина ги изненади е фактот што донесоа јагне и го печеа на сред плажа. На ражен го вртеа јагнето, а во позадина се гледаат чадори и лежалки.
Ваквите сцени не се ретки во популарните одморалишта, но снимката предизвика шок и неверување кај многумина. Многумина се запрашаа како е можно вакви работи да се случуваат на јавни места како што е плажата, каде од нив се очекува да почитуваат одредени правила и норми.
Реакциите на видеото беа различни. Додека едни го сметаа ваквото непримерно однесување кое ја расипува естетиката на плажата и атмосферата, други истакнаа дека секој има право да го помине одморот на свој начин и дека ваквите ситуации не треба да се осудуваат.
Коментарите под видеото само продолжија да се појавуваат. Среќно на сите што слават… „Луѓе уживаат, тоа е, па и овој што снима, да не беше вака веројатно ќе седеше со нив и чекаше да се испече“, „Овчарите чуваа овци. Денеска ги вртат по плажите“, беа дел од коментарите.