Случај софтвер: Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката
Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, обвинет во случајот „Софтвери“, соопшти дека е поднесена кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчевска која го води предметот и против стручен соработник во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради неизвршување на своите работни задачи, сокривање и монтирање на кривично правни предмети, со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.
Во допис испратен до медиумите, Рашковски пишува дека со цел да предизвика омраза кај јавноста основната јавна обвинителка која го водеше и се уште го води случајот „Софтвери” ја излажа и се уште ја лаже целата македонска јавност.
При тоа, најавува дека ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите.