Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Случајот за убиството на Вања и Панче влегува во завршна фаза: Обвинителството денеска со завршни зборови
Македонија

Случајот за убиството на Вања и Панче влегува во завршна фаза: Обвинителството денеска со завршни зборови

09/06/2025

AA

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да продолжи судењето за бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, со завршни зборови од страна на обвинителството. Ова доаѓа откако на последното рочиште беше официјално затворена доказната постапка во предметот кој ја потресе јавноста.

Судењето започна во септември 2024 година, а досега беа сослушани десетици сведоци – членови на семејствата на жртвите, инспектори, службени лица и лица блиски до обвинетите. Презентирани беа и материјални докази, вклучително и видео-снимки, електронска комуникација и физички предмети поврзани со убиствата.

Обвинителството тврди дека првообвинетиот Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, организирале киднапирање на Вања со цел да изнудат пари од нејзиното семејство. Според обвинението, Жежовски бил грабнат со намера да се одземе неговото возило „Ситроен“, кое подоцна било користено при киднапирањето на девојчето.

Обвинетите се изјаснија за невини, а Палевски тврдеше дека судскиот процес е политички мотивиран.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на крајот од ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во околината на Скопје и Велес. Случајот предизвика длабоко згрозување во јавноста и покрена низа прашања за безбедносниот систем и заштитата на децата.

Очекувањата се дека по завршните зборови, судот ќе најави датум за изрекување на пресудата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy