Случајот со малолетниците кои под закана силувале друг малолетник и го снимале оди во обвинителство
На 28.04.2023 од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар извршен е службен разговор со двајца малолетници, во присуство на нивните родители, а во врска со претходна пријава дека малолетниците со закана извршиле полови дејствија врз малолетник.
Известен е и Центарот за социјални работи-Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.