Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛОВЕНИЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА ПОЗНАТ ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК: Содржи недозволена состојка
Регион

СЛОВЕНИЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА ПОЗНАТ ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК: Содржи недозволена состојка

14/11/2023

AA

Инспекцијата на Управата за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата на Република Словенија извршила контроли на пијалокот Прајм и открила дека во оптек има две верзии. 

Подоцнежната проверка на состојките покажа дека енергетскиот пијалок Prime ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ, но е дозволена во друга храна. Така, оваа верзија е забранета за оптек, пренесува „Н1“.

Кофеинскиот енергетски пијалок на овој бренд содржи дури 200 mg кофеин по конзерва. За споредба, најпознатиот енергетски пијалок на пазарот содржи 80 мг кофеин по конзерва, пренесува Нови лист.

Воедно, Управата и Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побараа проценка на ризик од Националниот институт за јавно здравје.

Како што појаснија оттаму, од доставената документација јасно се гледа дека проценетата изложеност на кофеин преку конзумирање на енергетските пијалоци Прајм укажува на постоење на веројатност за штетно влијание по здравјето на релевантните групи на население, па затоа енергетските пијалоци Prime претставуваат ризик за здравјето на децата и адолесцентите со оглед на содржината на кофеин.

Енергетските пијалоци мора да бидат опремени со предупредувања дека пијалокот не е погоден за деца и помлади луѓе поради високата содржина на кофеин.

Инаку, Prime е исклучително популарен меѓу тинејџерите ширум светот, вклучително и во Хрватска. Го промовираат познати јутјубери како Логан Пол и КСИ, а иако пишува дека не е за помлади од 18 години, дизајнот и маркетингот се такви што ја таргетираат помладата популација.

Фактор веќе објави сторија за опасноста која се крие во овие пијалоци, особено за помладата популација. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy