
Слеп патник пронајден меѓу багажот во авионот на парискиот аеродром, во критична состојба е
Утринава слеп патник е откриен во багажот на авион на „Ер Алжир“ на аеродромот во Париз.
Тој бил пронајден во критична состојба, изјави добро информиран безбедносен извор за Ројтерс.
Изворот рекол дека животот на лицето е во опасност и дека е пренесен во блиската болница.
Авионот полета од западниот алжирски град Оран, кој е на два и пол часа лет до Париз.
Во багажниот простор на авионот температурите се движат меѓу минус 50 и минус 60 Целзиусови степени, а нема ни доволно кислород.