Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ – премиерот вели „конечно се чуствува слобода“
Економија

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ – премиерот вели „конечно се чуствува слобода“

30/12/2024

AA

Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70 проценти, од тоа што беше предвидено и планирано и мислам дека секогаш може да биде подобро, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања по пуштањето на реновираниот прв кат на Психијатриската болница во Скопје.

Тој посочи дека 2024 година беше изборна година, а како што вели првата половина беше таква, каква што беше, но новата Влада направила се што може за да ја зголеми реализацијата.

– Ценам дека оваа реализација е сосема коректна и навистина би рекол дека новата Влада направи се што можеше нивото на реализација на капиталните инвестиции да го зголеми. Следната година е година каде што е предвиден рекорден буџет за капиталните инвсетиции не само за државните, владините проекти, туку и за општинските проекти. 

Тука секако морам да ја споменам и поддршката кон економијата директно, којашто ја даде Владата, односно онаа поддршка за инвестиците на економските оператори 2,5 милијарди денари, што е поголема од 2022 и 2023 година. Исто така 2,5 милијарди денари се дадени преку ТИРЗ, тука да не го заборавиме и оној кредит со 1,95 отсто каматна стапка, којшто од јануари треба да биде достапен на македонската економија – изјави Мицкоски.

Како што посочи,  како Влада покажале и докажале дека сакаат да бидат пријатели на стопанството.

– Она што е најважно стопанството да се ослободи, а тоа го покажуваат и првите индикатори. Нема веќе политички моќници, голобради момчиња, кои купуваат трговски центри, сватови кои што возат ролс ројс, луѓе кои дивеаат во акционерски друштва и јавни претпријатија, како што тоа беше во минатото. Нема уцени, нема преземање на бизниси, нема проценти од јавни набавки итн – рече Мицкоски.

Тој ги повика и медиумите доколку почувствуваат дека има каква било индикација дека такво нешто се случува веднаш да кажат и јавно тоа да го соопштат.

– Но, ова е веќе седми месец што го гледам, таков тип на појава нема и тоа е најважното дека конечно се чувствува слобода во воздухот, после сиот оној притисок, којшто изминатите седум години постоеше, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45299
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден час

28/08/2026

Иако се работи за само три дена, граѓаните не се откажуваат од краток викенд на море. Фотографии од утрово покажуваат

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy