Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Следна недела исписи на пациенти од Италија, Шведска, Австрија и Шпанија
Македонија

Следна недела исписи на пациенти од Италија, Шведска, Австрија и Шпанија

22/03/2025

AA

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за  здравство д-р Арбен Таравари во изјава за медиумите информираше дека во моментот 54 пациенти се лекуваат во Скопје, од кои 27 се во клинички центар, 11 во ГОБ 8 септември и 10 во  Хируршката клиника Св. Наум Охридски, додека во приватните клиники се 6 пациенти. Во моментот сите се во стабилна и добра состојба.

Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, од кои 6 во моментот се во покритична здравствена состојба, а една пациентка сама се пријавила во Бугарија. Четворица со посериозни повреди се лекуваат на ВМА во Белград и двајца во Љубљана.

Дел од пациентите во странство кај кои има подобрувањр планирано е во тек на следната недела да почнат да се враќаат во земјава. 

-Добрата вест е дека ако реков првично дека се околу 20 во многу критична состојба, сега се 6 во покритична состојба. Да се надеваме дека оваа бројка нема да се зголеми со нови лица, односно дека нема да дојде до компликации.

Во тек на следна недела се планирани исписи на првите пациенти, по еден од Италија и Шведска  и по двајца од Австрија и Шпанија. За продолжување на нивното лекување во земјава се подготвуваат посебни протоколи, кои ќе се објават наскоро.

Генерално станува збор за пациенти со изгореници на кожа и дишни патишта, а дел се со скршеници. Има и 6 нови пациенти, кои се пријавени на Клиниката за токсикологија и се тријажираат, информираше министерот Таравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026

Жителите на Скопје во сабота, 5 септември, треба да очекуваат авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy