Слави Трифонов: Eдинствениот начин да ги натераме Македонците да не слушаат е да не го укинeме ветото
„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да не слушаат е да не го укинаме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.
Според него, ветото за Северна Македонија мора да се врати.
„Само така може да се запре оваа антибугарска кампања, која се одвива кај нашиот сосед и веќе добива монструозни размери. Нашиот министер за надворешни работи беше опкружен од Националното собрание и од Кирил Петков, кој имаше свој министер за надворешни работи и неговата надворешна политика во однос на Северна Македонија. Тој беше апсолутно сигурен дека ова вето треба да падне и направи се што можеше за тоа. Немаме ништо заедничко“, смета Трифонов.
Според него, Кирил Петков се криел зад парламентот, а прашањето за Северна Македонија било една од главните причини зошто Петков во моментов не е премиер.
„Оние кои го тргнаа ветото се „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, ДПС, „Демократска Бугарија“ и БСП со нивното неучество. Само шмркаа на страна мислејќи дека со тоа што не учествуваат ништо не прават. Сега се прават духовни водачи“, коментира и Слави Трифонов.