Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопје во студ: Грејната сезона започна, но многу станови останаа ладни
Македонија

Скопје во студ: Грејната сезона започна, но многу станови останаа ладни

14/10/2025

AA

Грејната сезона во Скопје започна официјално денеска, но според правилата, испораката на топлинска енергија може да започне и порано, односно од 1 октомври, ако прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. До 15 октомври, на веб-страницата на „ЕСМ Снабдување“ секојдневно се објавува дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за следниот ден.

Ладни станови

На почетокот на месецот, имаше неколку денови со температури под 12˚С и се пушти греењето, но во многу објекти радијаторите останаа ладни. Жителите на повеќе скопски населби се жалат дека во нивните станови е студено, бидејќи парното не работи, а внатрешната температура е под 20˚С.

– Секој месец плаќам за парно, а не ја добивам услугата за која давав пари. Станот ми е студен, особено наутро и навечер, па ја вклучувам климата за да се затопли. А што да прават оние што немаат клима или греалка? – вели една жителка на Аеродром.

Слично се жалат и воспитувачките во градинките, кои велат дека на децата им е студено и бараат од родителите да ги донесат потопло облечени.

– Што се виновни овие деца што мрзнат во градинките? – изјави една воспитувачка.

И во училиштата состојбата е слична. Дел од училниците и занималните се загреваат со инвертер клими, бидејќи парното не работи, што создава дополнителен трошок.

Приговори

Според правилата за снабдување со топлинска енергија, ако средната надворешна температура за следниот ден е ≤12˚С, снабдувачот е должен да обезбеди температура од 21˚С во грејните простории од 6:00 до 22:00 часот. Потрошувачите можат да поднесат приговор доколку услугата не е соодветна.

Според извештајот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2024 година, биле поднесени 611 приговори: 468 (76,6%) од домаќинства, 13 (2,1%) од образовни установи и 130 (21,3%) од други потрошувачи. Во споредба со 2023 година, приговорите се зголемени за 49,4%.

42,7% од приговорите се за недоставени или неправилни фактури, а 19,8% се однесуваат на квалитет на греење.

Авансни сметки

Од АД ЕСМ информираат дека заклучно со вчера, 127 објекти немале услови за испорака на топлинска енергија поради дефекти, а бројот се намалува. Потрошувачите што плаќаат на 12 месечни рати добиваат авансни сметки, кои содржат фиксниот дел (според ангажираната топлинска моќност) и варијабилен дел (според потрошената енергија).

При порамнување, доколку е платено повеќе отколку што е потрошено, разликата им се враќа или се одбива од следната сметка. Ако е потрошено повеќе отколку што е пресметано, разликата се распределува на три рати.

Потрошувачката се регистрира на мерилото во топлинската станица и од неа се изготвуваат израмнителните сметки. Периодите кога нема греење (на пример, при високи надворешни температури или дефекти) не се бројат во мерилото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски

24/10/2026
Македонија

НОЌЕСКА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ 1 ЧАС НАНАЗАД Почнува

24/10/2026
Македонија

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО

23/10/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за

23/10/2026
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46345
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски оцени дека се зацврстуваат и

24/10/2026

Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со

НОЌЕСКА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ 1 ЧАС НАНАЗАД Почнува зимското сметање на времето

24/10/2026

Утре, започнува зимското сметање на времето кое се практикува и во земјава. Во 3 часот по полноќ, стрелките на часовниците се

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец

23/10/2026

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy