Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопјанка го начекала пред казино екс сопругот и со ножици го прободела!
Македонија

Скопјанка го начекала пред казино екс сопругот и со ножици го прободела!

16/11/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишна скопјанка за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, осомничената, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши од живот нејзиниот поранешен партнер.

– По претходна вербална расправија во казино, додека оштетениот играл на апаратите, осомничената во видно алкохолизирана состојба, започнала да крши чаши и да удира по апаратите за играње, известуваат од ЈО.

Во соопштението пишува дека оштетениот заедно со неговиот пријател излегле од казиното, но по нив излегла и осомничената, која на паркингот го нападнала со метални ножици и со сечивниот дел од ножиците му нанела два убода и тоа во пределот на градниот кош – срцето и пределот на абдоменот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека има опасност осомничената да се крие односно да се даде во бегство, од Јавното обвинителство велат дека постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците, и дека би можела го повтори кривичното дело односно ќе го доврши обиденото кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42345
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

10/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy