Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крва
Магазин

Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крва

18/07/2025

AA

На патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево денеска околу 14 часот  го лишиле од слобода Б.К.(48) од Скопје кој со 3,15 промили алкохол во крвта управувал патничко моторно возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи. 

По претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево. Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”,

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy