Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување на Водно
Магазин

Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување на Водно

16/03/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување.

Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, осомничениот со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земја, па легнал врз неа со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице, по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот.

Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата „Востаничка“ во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика по помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy