Сити продолжи да го малтретира Арсенал и го елиминира од ФА купот (ВИДЕО)
„Граѓаните“ со ова го продолжија малтретирањето на составот од Лондон, против кого сега имаат дури шест победи по ред во последните две ипол години во сите натпреварувања. Јунак на вечерта беше Нејтан Аке, кој го постигна победничкиот погодок во 64. минута на асистенција на Џек Грилиш (голот ТУКА). Тоа беше меч со повеќе шанси на двете страни, со напомена дека гостите ги имаа во првото полувреме додека во второто ниту еднаш посериозно не се заканија пред голот на Сити.
Двата тима одиграа со делумно комбинирани состави, но четата на Пеп Гвардиола повеќе го сакаше триумфот, како делумна сатисфакција за големиот минус во однос на Арсенал во Премиер лигата, кој во моментов изнесува пет бодови со натпревар повеќе.