Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс – неопходни се итни мерки
Економија

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс – неопходни се итни мерки

29/09/2024

AA

Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за намалување на CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо во средата пред состанокот на министрите на ЕУ одговорни за внатрешниот пазар и индустрија рече дека неговата земја, заедно со Германија, работи на поддршка на другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите.

Како што пренесува порталот Еуроњуз, тие ќе побараат и преиспитување на најавата на ЕУ дека во 2035 година ќе забранат продажба на автомобили со бензински и дизел мотори.

Урсо ги повтори неодамнешните предупредувања од производителите на автомобили, предвидувајќи дека европската автомобилска индустрија ќе „колабира“ и дека „десетици илјади“ работни места ќе бидат изгубени доколку ЕУ не го промени курсот.

Неговите предупредувања доаѓаат три месеци откако италијанската премиерка Џорџа Мелони ја нарече забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување „идеолошко лудило“.

Пред неколку дена Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) јавно повика на одложување на примената на построги ограничувања за емисија на штетни гасови по објавувањето на податоците за падот на продажбата на електрични автомобили.

Влијателната групација со седиште во Брисел, која ги вклучува БМВ, Форд, Рено, Фолксваген и Волво, на 19 август предупреди дека регистрациите на нови автомобили паднале под 644.000 во август, што е пад од повеќе од 18 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.

Најголем пропорционален пад е забележан кај електричните автомобили, чиј удел на пазарот падна за речиси една третина од минатогодишните 21 процент.

– Ни недостасуваат клучните услови за да го постигнеме потребниот моментум во производството на возила со нулта емисија: инфраструктура за полнење, вклучувајќи водород, конкурентна производствена средина, прифатлива зелена енергија, купување и даночни стимулации, како и сигурно снабдување со суровини, водород и батерии – напишаа во ACEA- и.

Во моментов, производителите на автомобили мора да се погрижат емисиите на сите автомобили што ги продаваат во дадена година да не надминуваат просечни 115,1 грама на километар, а таа граница следната година ќе се заостри на 93,6 грама. Таа бројка ќе биде сè потешко остварлива со падот на продажбата на електрични возила од една страна и доминацијата на поголемите SUV модели.

Соочена со заканата од казни од повеќе милијарди евра следната година, ACEA ја повика ЕУ да спроведе „итни мерки за помош“, но според Euronews, Европската комисија смета дека самата индустрија е барем делумно виновна за ситуацијата.

– Имаме уште 15 месеци од продажбата на автомобили пред нас и индустријата има време да ги постигне своите цели – изјави во вторникот за новинарите портпаролот на Европската комисија. – Исто така, вреди да се запамети дека целта за 2025 година беше договорена во 2019 година и … ги дизајниравме овие политики за да и дадеме време на индустријата да се приспособи – заклучи тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
Македонија

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

16/10/2026
Македонија

СКАНДАЛ ВО УХМР, 488.000 ЕВРА ЗА СОМНИТЕЛНИ НАБАВКИ Кривична за

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46208
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски ја најави вакцинацијата против грип

16/10/2026

Се очекува во среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип, најави министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој рече

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ ПРИМИ ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛЕКС

16/10/2026

Министерството за здравство денеска ги објави протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза. На настанот присуствуваа директорите на Универзитетската клиника

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ Мисајловски најави повисоки плати за

16/10/2026

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy