Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со  директорот на Судска медицина
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со директорот на Судска медицина

09/04/2026

AA

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директорот на Институтот за судска медицина во Скопје Александар Станков, од кого пред неколку дена побараа одговори за токсиколошките анализи од обдукцијата на телата на жртвите.

Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков, во изјава за медиумите по средбата, рече дека разговарале и им било објаснето сè што треба и дека сите докази ќе бидат јавно презентирани во судница.

– Разговаравме и објаснето им е сè што треба досега да се објасни. Како што и претходно дадов изјави, сè што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка – изјави Станков.

Александар Наунов, татко на Надица Наунова која загина во пожарот, а кој е претседател на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, по средбата со директорот на Судска медицина Александар Станков, изјави дека ги примил и разговарале, но дека не може да дава никакви податоци за извршените анализи, уверувајќи дека материјалите се предаени на Обвинителството.

– Денеска не прими директорот Александар Станков, со него разговаравме. Тој не може да каже од што и како е, тоа мора да биде изведено на суд – изјави Наунов.

На средбата, како што појасни Наунов, добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи.

– Ние имавме и претходно средба со него, затоа што тој сам ни кажа дека тоа ќе влијае на судењето и било што да се изведе, ние да го дознаеме, пред да го даде на судот. Затоа го почитуваме и имаме доверба во Институтот и ќе чекаме со нетрпение да дојде рочиштето, да ја слушнеме правата вистина за нашите деца од што починале – изјави Наунов.

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето се наоѓа во фаза на доказна постапка и се испитуваа сведоци предложени од обвинителството. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски за 4ТВ: Во ТИРЗ дозволени биле работи што не

09/04/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Владата крои 10-годишен

09/04/2026
Македонија

Димовски за 4ТВ: Компаниите подготвуваат стратегии за справување со глобалните

09/04/2026
Македонија

Несреќа во близина на Црвен Крст, настрада мотоциклист!

09/04/2026
Македонија

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот

09/04/2026
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во Судска медицина:

09/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

09/04/2026
Македонија

Нови правила за донорство: Граѓаните сами кај матичниот ќе одлучуваат

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42318
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски за 4ТВ: Во ТИРЗ дозволени биле работи што не смееле да се прават, сè

09/04/2026

Во најновото гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, откри дека институцијата поминала низ драстичен

СЛЕДУВААТ ИСТОРИСКИ ГОДИНИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА Владата крои 10-годишен план за тоа што ќе

09/04/2026

Имавме можност да дискутираме за сите цели на способност како и за планот за наредните 10 години, рече во Тема

Димовски за 4ТВ: Компаниите подготвуваат стратегии за справување со глобалните економски притисоци

09/04/2026

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, истакна дека целата светска економија се соочува со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy