Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синодот денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија – кандидат е јеромонахот Георгиј
Македонија

Синодот денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија – кандидат е јеромонахот Георгиј

12/06/2025

AA

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 10 часот ќе одржи важна синодска седница, на која ќе се одлучува за новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Оваа епархија е без поглавар од ноември минатата година, кога на 73-годишна возраст, по кусо боледување, почина митрополитот г. Тимотеј.

За оваа висока црковна позиција засега официјално е познат само еден кандидат – јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница беше произведен за игумен на свеченост што се одржа во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Произведувањето го изврши лично архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Георгиј, поранешен декан на Богословскиот факултет, доживеа забрзан духовен и монашки подем: на 27 мај се замонаши, на 28 мај беше ракоположен за јероѓакон, а веќе на 29 мај стана јеромонах. Овој динамичен развој на неговата монашка кариера отвори и нови прашања во јавноста за начинот и брзината на кадровските решенија во рамките на МПЦ-ОА.

Изборот на новиот митрополит ќе се решава со просто мнозинство од вкупно 12 владици колку што брои Синодот. За избор се потребни најмалку седум гласа. Во случај на еднаков број гласови – 6 наспроти 6 – одлучува гласот на архиепископот г.г. Стефан.

Во изминатите денови, дел од верниците излегоа на мирни собири во Охрид, Кичево и Скопје, изразувајќи поддршка за епископот антаниски Партениј како нивен избор за нов митрополит. Тие апелираа до Синодот да се земе предвид духовната поврзаност и довербата што Партениј ја има меѓу народот во овој дел од Македонија.

Одлуката што ќе ја донесе Синодот денеска ќе има значење не само за идното водење на Дебарско-кичевската епархија, туку и за пошироките процеси во рамки на МПЦ-ОА, каде кадровските прашања сè повеќе стануваат и прашања од општествен интерес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy