Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова со честитка по повод 8 Април: Ромската заедница е богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон
Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка по повод 8 Април: Ромската заедница е богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон

08/04/2025

AA

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во која изрази признание за придонесот на ромската заедница и повика на конкретни мерки за подобрување на нивната положба во општеството.

„Со културната посебност и свест, вие израснавте во важен и вреден сегмент на македонското општество – неверојатно талентиран за музика и игра, уметнички вдахнат, скромен“, порача Сиљановска-Давкова.

Во својата порака, претседателката ги истакна постигнувањата на ромската заедница – од политичко претставување до уметнички и академски достигнувања. Но, таа и укажа дека ромската заедница и понатаму останува најранлива, најмаргинализирана и најдискриминирана во општеството.

„Време е да преминеме од зборови на дела – со афирмативни акции, инклузивни политики и реална поддршка, да им дадеме простор на Ромите да ги изразат своите идеи и да придонесат во демократскиот развој“, апелираше таа.

Сиљановска-Давкова порача дека ромското тркало, симболот на ромското знаме, мора да се заврти „дома – не само на 8 Април, туку постојано, посилно, побрзо и подалеку, во интерес на прогресот“.

„Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите“, заврши честитката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy