Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова на 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените во Њујорк: Жените заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните!
Македонија

Сиљановска-Давкова на 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените во Њујорк: Жените заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните!

22/09/2025

AA

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во своето обраќање, претседателката нагласи дека жените, заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните, но истовремено и носители на исцелување, сочувство и надеж.

„Пекиншката декларација и Платформата за акција остануваат камен-темелник на меѓународното право. Родова еднаквост не е феминистичка привилегија, туку хуманистички императив“, рече Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека напредокот во последните три децении е нееднаков, кревок и често реверзибилен.

Претседателката посочи дека насилството врз жените продолжува да биде проблем, фемицидот ја загрозува човечката вредност, а структурните бариери го ограничуваат лидерството и учеството на жените во одлучувањето.

„Ако сме сериозни во врска со мирот, време е да го довериме кормилото на Обединетите нации на жена“, додаде таа, нагласувајќи дека родовата еднаквост е предуслов за праведни и просперитетни општества.

Учесниците на состанокот го потенцираа значењето на конкретни и одржливи политики, како и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција, како основа за зајакнување на сите жени и девојчиња ширум светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy