Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова го отвори Летниот европски младински олимписки фестивал: „Ова е симбол на младоста, витештвото и солидарноста“
Македонија

Сиљановска-Давкова го отвори Летниот европски младински олимписки фестивал: „Ова е симбол на младоста, витештвото и солидарноста“

21/07/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на ваков реномиран меѓународен спортски настан претставува голема чест за државата.

Според неа, 4.000 спортисти-учесници ja манифестираат убавата страна на сегашноста, ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

За претседателката, ова не е само врвен спортски собир, туку е симбол на младоста, генератор на заедништвото и солидарноста, креатор на европскиот културен и спортски дијалог, во кој спортистите не се претставуваат само себеси и своите земји, туку промовираат и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победуваат и кога губат.

Сиљановска-Давкова ги охрабри младите да продолжат да го развиваат олимпискиот дух, нагласувајќи: Верувам дека уште еднаш ќе покажеме и ќе докажеме дека сме хумани и добри домаќини, народ со страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.

Летниот европски младински олимписки фестивал се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово. На свеченото отворање, покрај претседателката Сиљановска-Давкова се обрати претседателот на Европскиот олимписки фестивал, Спирос Капралос, а беше изведена „Парада на делегациите“и танцова изведба од Националната опера и балет.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4000 спортисти кои ja манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.

Летниот европски младински олимписки фестивал е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог.     

Храбро и со задоволство го прифативме предизвикот да го организираме и да го реализираме овој настан, невозможен без сложена логистика, детално планирање, соработка и комуникација. За среќа, на помош притекнаа околу 700 волонтери, вистинска ударна сила којашто гарантира успешен тек на натпреварите и целосно остварување на богатата спортска агенда.   

Им изразувам огромна благодарност за посветеноста и за искрената желба да придонесат за квалитетот на фестивалот. 

Посакувам да ја оправдаме укажаната доверба. Верувам дека како држава, како општество и како граѓани, уште еднаш ќе покажеме и докажеме дека сме хумани и добри домаќини и дека имаме страсна спортска публика, што знае да бодри, поттикнува и наградува.

Олимпискиот фестивал е ретка можност за учесниците и за гостите да остварат непосредна средба со македонската култура.

Почитувани учесници,

Натпреварот во 15 спорта е голем предизвик за вас. Знам дека вие не се претставувате само себеси и вашите земји, ниту манифестирате само вештини, знаење и физичка подготвеност, туку промовирате и спортско витештво, пријателство и фер однос и кога победувате и кога губите. 

Вие симболизирате здрав животен стил, давајќи им позитивен пример на вашите врсници како најдобро, најумно и најкорисно може да се осмисли и исполни времето преку прекрасниот аматерски спорт, но и како може преку постигнување извонредни резултати и градење силен олимписки дух да се отворат портите на професионалното спортување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy