
Шведска ѝ одржа лекција на Германија
Германките постигнаа само шест гола во првото полувреме, односно Шведска на паузата замина со водство од 16-6 и ја најави убедливата победа.
Шведска во вторите 30 минути се опушти и тоа го искористи Германија само за да избегне уште потежок пораз во четвртфиналето на СП.
Дури четири ракометарки постигнаа по пет гола кај Шведска, а тоа се Мелегард, Робертс, Хагман и Блом.
