
Швјонтек без конкуренција до титулата во Рим
До триумфот против вториот светски рекет, таа стигна за само 90 минути игра, а со тоа го освои четвртиот пехар во сезоната. На противничката не ѝ дозволи ниеден брејк, додека таа освои три гема на сервис на Сабаленка, два во првиот и еден во вториот сет.
Швјонтек се наоѓа на првото место на ВТА листата од 6 ноември 2023 година, а вкупно на челната позиција во кариерата помина 103 недели.