Шумари дозволиле прилепчанец бесправно да си набере 167 м3 дрва
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(70) и З.К.(64), двајцата од Кичево и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против А.Т.(36) од Кичево за сторено кривично дело „кражба“.
Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник“, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп. Со тоа предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“ од 769.300 денари.