Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Скопје не смее да чека, и јас нема да чекам – да го вратиме заедно сјајот на Скопје!
Македонија

Шукова: Скопје не смее да чека, и јас нема да чекам – да го вратиме заедно сјајот на Скопје!

19/07/2025

AA

Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам што верувате дека можам да го водам Скопје, изјави на денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје

„На почетокот сакам веднаш да ви порачам: се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани. Независно дали сте поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една, за мене сите граѓани се еднакво важни. Јас тоа го покажав и со пристапот кон секој поединец во текот на мојата професионална кариера.

Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани. Дека токму политичката алчност, бизнис и личните интереси на оваа власт, како и длабоката партизација на градот во изминатите четири години го донесе онаму каде што е денес, на своето историско дно во однос на развој, изглед и функционалност. 

Токму ова никогаш не смее да ни се повтори и затоа јасно порачувам:  ако ја добијам вашата подршка ќе докажам дека Градот е над политиката. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите кои живеат во него. И мора да се управува професионално. 

Ќе бидам на страната на секој човек што сака да живее достоинствено, без разлика дали и за кого гласал. Затоа што најлесно е да им се поклониш на моќните, а тешко е да им служиш на сите. Јас го бирам тоа што е тешко, ама исправно.

Не смееме да затвораме очи пред вистината. Не можеме да се правиме дека не знаеме кој и како го донесе Скопје до ова дереџе. Четири години со ВМРО-ДПМНЕ видовме што значи безредие, неодговорност и непочитување на граѓаните. Четири години видовме што значи политички инает на сметка на здравјето на граѓаните, што значат бизнис интереси на сметка на развој на градот, што значи кога имаме власт која е подготвена да го уништи градот, само за сопствен политички интерес. 

Скопје никогаш помалку не им припаѓал на скопјани. Скопје е украден град, ставен во заложништво за сопствени интереси. Го уништија  за политички да се пресметуваат со сопствениот градоначалник. Денес, секоја улица сведочи за нивниот неуспех. И нема да дозволиме тоа да се повтори. Скопје ја преживеа својата трета катастрофа после палењето на градот од страна на Пиколомини и земјотресот од 1963 година.

Но бидејќи сите знаеме што се случува со градот, денес нема да зборувам за тоа. Знам дека скопјани бараат решенија, искреност и градски политики на кои ќе им веруваат. Скопјани бараат уредено, културно, чисто Скопје. Бараат градоначалник со јасна визија за тоа како ќе се развива градот и конкретен план како ќе се решат клучните проблеми. Без чуда, без лажни мега проекти и шарени програми на стотици страници. 

Јас сум тука да понудам решенија. Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден,  зелен и безбеден. Град со кој ќе се гордееме, кој ќе биде наш дом, а не пазар на интереси.

Затоа, моите определби ќе бидат:

– да го исчистиме Скопје и направиме функционални претпријатија за управување со отпадот

– Да направиме конкретен план и постигнеме резултати за чист воздух и чиста животна средина. Ова се моите први приоритети, области во кои имам многу знаење и искуство.

– да го обновиме јавниот превоз и да создадеме град во кој може да се стигне навреме и без нервози;

– да го запреме урбанистичкиот хаос и да ја вратиме контролата на граѓаните врз урбанизмот;

– да се посветиме на обнова и одржување на постојната инфраструктура на градот

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy