Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова кон Георгиевски: Или манипулирате или сте целосно некомпетентен, парк во Вардариште е опасна фантазија
Македонија

Шукова кон Георгиевски: Или манипулирате или сте целосно некомпетентен, парк во Вардариште е опасна фантазија

02/09/2025

AA

Кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, денеска остро го нападна нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Георгиевски, оценувајќи го неговото ветување за изградба на парк на локацијата Вардариште како „изборна измама“ и доказ за негова „целосна некомпетентност или свесна манипулација“.

Според Шукова, ветувањето за парк на најзагадената точка во главниот град е не само неостварливо, туку и опасно, игнорирајќи ги огромните еколошки, правни и технички пречки.

„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, изјави Шукова, нагласувајќи дека само процесот на санација и деконтаминација на земјиштето би траел со години пред воопшто да се размислува за негова пренамена.

Таа посочи и на сериозна правна пречка која оневозможува каква било интервенција на теренот.

„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.

Кандидатката на СДСМ потсети дека за оваа локација веќе постои единствен легитимен и стручен план, изработен уште во 2017 година со поддршка од Европската Унија.

„Деталната техничка документација јасно предвидува Вардариште да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план и јас стојам зад тој план“, изјави таа, додавајќи дека во тек е и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад, што го прави секој обид за политичка интервенција штетен и спротивен на нормите.

Шукова го обвини Георгиевски дека наместо решенија, нуди неосновани фантазии и го поврза со претходната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, која, според неа, го оставила Вардариште „да гори и да труе“.

„Скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy