
Што се случува со турската лира?
Се зголеми вредноста на турската лира.
Истражувањето на турската централна банка покажала дека лирата малку ја зголемила својата вредност во јануари годинава во споредба со претходниот месец, мерено со „индексот на потрошувачките цени“.
Сепак, во споредба со јануари лани, вредноста на лирата е благо намалена гледано низ призмата на цените на суровините за обичните потрошувачи, а значително е намалена кога се гледа преку цените на производителите.
Турската лира, севкупно, станала малку поотпорна во меѓународните споредби во текот на изминатиот месец, но во подолг период ја загубила вредноста во однос на другите валути.
Инаку, лани таа беше меѓу најлошите валути во светот, заедно со рубљата и аргентинската валута.

