Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?
Економија

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

03/07/2024

AA

Поранешниот градоначалник на Град Скопје и Општина Гази баба, Коце Трајановски, според засега медиумски информации, е назначен од Управниот одбор на „Државни патишта“ за нов директор на ова јавно претпријатие на местото на Ејуп Рустеми. Во меѓувреме бил управител на фирма што практично не остварувала никакви приходи.

Последната државна функција која ја извршувал му беше онаа како скопски градоначалник до крајот на 2017. Според она што го проверивме во „Централниот регистар“, на негово име фигурира само една фирма на која Трајановски станал косопственик во 2018, годината по поразот на локалните избори.

Поранешниот пратеник станал косопственик на „Косистеми Доо“ во јуни 2018, а претходно оваа фирма за „производство на земјоделски производи, трговија и услуги“ е регистрирана во 2014. 

Трајановски е управител на ова претпријатие, во кое останатиот косопственик е неговата сопруга Душанка Трајановска.Во фирмата варирале промени во дејноста од „одгледување на останати повеќегодишни посеви“ до „изградба на станбени и нестанбени згради“. 

Претходното име на „Косистеми“ било „Природна органска храна“, а според претходен медиусмки извештај, ова претпријатие поседувало три градежни парцели во скопска Керамидница. Во 2023 нема остварени приходи, а има трошоци од 7.500 евра. Нема ниту податок за број на вработени.

Трајановски како раководител на Јавното претпријатие за државни патишта ќе има неколку сериозни предизвици со кои ќе треба да се справува, како изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, а тука е и проектот со „Бехтел и Енка“ за автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. ЈПДП лани оствари добивка од безмалку 100 милиони евра, но прашање е колку е таа реална, бидејќи од државниот буџет беа префрлени околу 240 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“, а непознато е колку од овие пари се реализирани.

Трајановски ретко се појавува во јавност, но во последно време издвојуваше биографски белешки за тоа дека бил 16 години програмер во МЗТ, а потоа отворил фирма за софтвер која ја затворил пред да стане пратеник.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy