Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што покажува извештајот на ДЗР за онкологија? – Утврдени низа пропусти, докторите селективно бирале кој и дали ќе биде приклучен на биолошка терапија!
Македонија

Што покажува извештајот на ДЗР за онкологија? – Утврдени низа пропусти, докторите селективно бирале кој и дали ќе биде приклучен на биолошка терапија!

12/10/2023

AA

Низа пропусти кои се однесуваат на работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, а кои директно влијаат на услугите на пациентите, се утврдени во извештаите на Државниот завод за ревизија за кои денеска расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Пред членовите на Комсијата се конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, здравствена институција за која Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреби со терапиите за онколошки пациенти.

Главниот државен ревизор Максим Ацевски пред членовите на Комисијата соопшти дека во историјата на постоењето ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија извршени се повеќе ревизии, почнувајќи од 2008, 2012, како и ревизија на финансиските извештаи за 2021 година.

-Ако ја погледнеме содржина во конечниот ревизорски извештај за работењето на наведената клиника и ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година може да констатираме низа пропусти кои се однесуваат на работењето на самата ЈЗУ, но таквите пропусти во суштина директно влијаат и на услугите што ги дава на пациентите, рече Ацевски.

Соопштувајќи делови од извештаите, наведе дека во утврдената точка 4.1 2 се укажува дека во суштина листата на лекови не е ажурирана од 2015 година, со што се јавува потребата од ажурирање на наведените листи.

Исто така, наведе ревизорот, истакнуваме податоци во делот на она што значи условен надомест за обезбедување непречено давање биолошка терапија на пациентите на оваа клиника. Од 2017 до 2021 година нивото на одобрените средства од страна на ФЗОМ драстично е зголемено, но не ги одразува реалните потреби на она што значи вклучување на сите пациенти со биолошка терапија.

-Според повратните информации на она што е добиено во акцискиот план од Клиниката се укажува дека во 2023 година вредноста на обезбедените средства од 2021 година што изнесуваат 481.589.000 денари е зголемено на една милијарда и 200 милиони денари, но што укажува ваквата состојба? Поради неразграничување на надлежностите и отсуство на пишани процедури и протоколи за начинот на постапување и доделување на биолошката терапија се создаваат можности самиот доктор да одлучува кој пациент ќе биде приклучен на биолошка терапија или не. Со таквиот начин на постапување каде во суштина одлучува самиот доктор а одобрување дава медицинскиот директор наместо тоа да се прави согласно одредбите на Законот за здравствена заштита каде што тоа ќе го дава стручниот колегиум, се доведува до ситуација да се преземат повеќе обврски над одобрениот условен буџет на Клиниката со што се создаваат дополнителни обврски и не се овозможува подеднакво право на сите пациенти кои имат потреба од биолошка терапија, рече Ацевски.

Ревизорите, прецизираше, сакаат да укажат дека кога се дава да одлучува поединец се создава сомнеж од субјективно постапување во однос на тоа кој пациент ќе биде приклучен на биолошка терапија.

Осврнувајќи се на набавката на потребата терапија, рече дека таа е извршена од страна на Министерството за здравство, со согласност од самото Министерство и склучен поединечен договор од Клиниката, но за жал без добиена согласнот од Фондот за здравствено осигурување кој треба да ги обезбеди потребните средства.

-Ова укажува дека се преземени обврски во износ од пет милиони 735 илјади 289 евра над одобрениот условен буџет од страна на ФЗОМ. Во исто време, воспоставена е пракса самите медицински лица да преземаат активности да вршат набавка на потребната биолошка терапија на име „реверс“ пред да биде пристапено кон склучување на договорот за јавна набавка за наведената биолошка терапија. Таквото постапување всушност создава сомнеж дека и покрај констатацијата дека одредена терапија се набавува само од еден единствен набавувач јавната здравстевна установа да биде ставена во неповолна ситуација. Сите знаме дека ако набавите нешто предвреме, а потоа барате да склучите договор, тогаш сте ставени во една полоша ситуација во која што постои можност да бидете уценувани, рече Ацевски.

Во таа насока, една од препораките на ревизороските извештаи е да се иницира изменување и дополнување на одредбите на Законот за јавни набавки каде што ќе се интервенира во можноста за ограничување на маржата за набавката на ваквите лекови.

Ацевски рече дека извештаите обелоденуваат и дека е воспоставена пракса каде одредени производители на одредена опрема кои се единствени произведувачи на таква опрема имаат направено заокружен систем, односно опремата не може да користи реагенси од друг произведувач.

-И што правиме? Спроведуваме постапка за јавна набавка со цел да набавиме од истиот добавувач. Во таква ситуација, сите ЈЗУ се ставени во подредена ситуација и затоа надлежните институции треба да направат измени на Законот за јавни набавки со кои ќе стават крај на таквата монополска положба на производители на медицинска опрема и дистрибутери на лекови или терапија кои се единствени производители во нашата држава, појасни Ацевски.

Тој најави дека Клиниката за онкологија во јануари или февруари ќе биде предмет на ревизија во однос на преземените мерки и препораки за кои се укажува во ревизорските извештаи.

-Владата упатува да се преземат активности и од Министерството за здравство и од Фондот за здавствено одигурување со цел да се обезбеди соодветна имплементација или менување на утврдените состојби. ЈЗУ до ДЗР има доставено Акциски план со пропратно писмо во кое известува дека во најголем дел презема одредени мерки за постапување, пред се, во пропишување на протоколи за начинот на постапување во лекување на пациентите, формирање на стручен колегиум, пропишување на одрени протоколи итн. Прашањето што треба да се отвори е дали требаше Државниот завод за ревизија за изврши ревизија во оваа здравствена установа за да надлежните лица во оваа установа пристапат кон пропишување одредени протоколи за лекување, да ги почитуваат одредбите од Законот за здравствена заштита каде што ќе се ограничи и оневозможи субјективното постапување и каде ќе се обезбеди соодветен и подеднаков третман на сите пациенти, рече Ацевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy