Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ГО „СТОПИ“ ПРОФИТОТ НА КРАТОВСКИ „СИЛЕКС“ – од два и пол милиони евра, лани дојдоа на 300 илјади
Економија

ШТО ГО „СТОПИ“ ПРОФИТОТ НА КРАТОВСКИ „СИЛЕКС“ – од два и пол милиони евра, лани дојдоа на 300 илјади

30/03/2023

AA

Акционерското друштво „Силекс“ од Кратово лани значително го намалил профитот, и тоа за дури 89 проценти.

Или, како што говори консолидираниот Биланс на успех на оваа компанија од Кратово, за која на Берзата е наведено дека основна дејност им е рударство и вадење на камен, ако во 2021 година нивната добивка изнесувала 2,6 милиони евра, веќе во минатата година таа се свела на 287 илјади евра. 

Во овој резултат се влезени и бројките на сите други друштва кои се консолидирале кон основната компанија, односно „Силекс“.

Што е тоа што толку многу го намали профитот на кратовската компанија.

Тие лани оствариле солидна сума на оперативни приходи, и тоа дури 19,3 милиони евра, што во однос на претходната 2021 година сепак значи намалување за 17 отсто. Но, тоа не е толку голем процент на намалување како што е намалена добивката на компанијата. 

Приходите од продажба на „Силекс“ изнесувале 18,8 милиони евра, што е намалување за 12 отсто во однос на претходната година.

Кога станува збор за приходите остварени на домашниот паџзар, тие се намалени за 26 проценти, додека, пак, продажбата во странство и не одела толку лошо, односно кај неа минусот е само едфен отсто. 

На приходната страна има големо намалување на останатите оперативни приходи, и тоа за дури 72 отсто, така што тие минатата година изнесувале многу помалку од претходната, и тоа 540 илјади евра.

Ако се погледне пак на расходната страна,м може да се види дека оперативните расходи на фирмата биле на ниво од 19 милиони евра, што е намалување за 8 проценти. 

Најзначајно зголемување има кај услугите со карактер на материјални трошоци, и тоа за 39 отсто. Трошоците за вработените се зголемени само за еден отсто.

Од Билансот на успех може дса се забележи дека има огромно намалување и кај финансиските приходи, и кај финансиските расходи на компанијата. 

 Во своето објаснување на финансискиот резултат, од „Силекс“ велат дека приходите се намалени поради намалената продажба и намалената побарувачка на пазарот, објаснувајќи дека се работело за продажба на сунѓер, сирење, жива стока, силекс кугла, како и патенти.

Расходите, пак, како што велат, се намалиле поради намаленото производство.

Од компанијата уште и велат дека нема исплата на дивиденда, нема продажба на материјални средства. Од друга страна, пак, имаат вложувања во некои градежни објекти и набавка на опрема.

Поптенцираат дека нема кредитни задолженија за овој период, но и дека нема промени во планот за следниот период.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy