Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што да очекуваат акционерите на „Фершед“ годинава?
Економија

Што да очекуваат акционерите на „Фершед“ годинава?

01/04/2025

AA

Веројатно најдобра вест за акционерите и потенцијалните инвеститори е тоа што кредитните обврски на „Фершпед“ лани се намалени за 80 проценти, а неговите вкупни обврски се намалени за 16 отсто и се помалку од 4,8 милиони евра. Приходите на „Фершпед“ годинава се проектирани со раст од 3 проценти до износ од 85 милиони евра

Најзначајна новина во најава од финансискиот план на „Фершед“ за 2025 година е тоа што компанијата ќе вложи половина милион евра во своите објетки и во нова и современа опрема. Ова го пишува во дописот со наслов „Финансиски план“ објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Освен ова „Фершпед“ декларира дека годинава очекува неговите приходи да пораснат за 3 отсто. Но истовремено со тоа очекува и расходите на компанијата да се зголемат до 3 отсто. 

Во најавата е наведено дека се очекува и благ раст на оперативната добивка на најголемата македонска компанија специјализира за шпедитерски услуги.

Менаџментот на друштвото најавува дека континуирано ја следи макроекономската состојба и дека нивен приоритет е одржување на тековната ликвидност и финансиската стабилност на компанијата.

Оперативната добивка на „Фершпед“ (консолидирана) лани изнесува 2,5 милиони евра. Таа е резултат на вкупните приходи кои изнесувале 80,8 милиони евра и се за 6 отсто повисоки од претходната 2023 година. Значајно е да се каже дека финансиските приходи и покрај тоа што во вкупните приходи се помалку од 1 отсто, сепак се зголемени за 50 отсто во споредба со 2023 година.

Лани и оперативните расходи пораснале за 6 отсто и тие изнесувале 78 милиони евра.

Веројатно најважна позитивна вест за акционерите на „Фершпед“ и за неговите потенцијални инвеститори е тоа што компанијата лани успеала да ги намали за 80 отсто своите обврски по кредити. На крај на 2024 година тие изнесувале нешто над 21.000 евра. Вкупните обврски на „Фершпед“ на крај на ланска година  изнесувале помалку од 4,7 милиони евра и биле намалени за 16 отсто во однос на 2023 година.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
Македонија

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот

06/09/2026
Македонија

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило

06/09/2026
Македонија

Повредени вработени во ЈП Комунална Хигиена – Скопје

06/09/2026
Македонија

Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанарот на „ДНК“ кој загина во пожарот во

06/09/2026
Македонија

Го пријавила сопругот во полиција, со тврд предмет ја истепал,

06/09/2026
Македонија

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски,

06/09/2026
Македонија

Шест активни пожари низ земјава, најсложен е пожарот кај Рамно

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години од дебито во Јапонија

06/09/2026

Македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, постигна уште еден голем меѓународен успех настапувајќи на 3, 4 и 5 септември

Маж и жена од Гази Баба физички нападнати од малолетниот син

06/09/2026

На 05.09.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба

71-годишен маж од Кондово додека одел кон возилото го погодило залутано зрно од огнено оружје

06/09/2026

На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“- Скопје е пријавено дека кај нив со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy