Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА – комбинатот остана со третина од профитот
Економија

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА – комбинатот остана со третина од профитот

25/10/2024

AA

Добивка е, ама е многу помала од минатогодишната. 

Односно, регистрирано е намалување на позитивниот финансиски резултат за дури 72 отсто, што значи дека од канската добивка сега останале дури и помалку од една третина. 

Некогашниот гигант, тетовскиот комбинат „Тетекс“, од почетокот на годинава па досега, не ги живее своите најдобри денови во историјата на постоењето. 

Добивката на ова акционерско друштво во првите три квартали од оваа година достигна 168 илјади евра, што е значајно намалување за 72 отсто во однос на истиот период од лани. 

А, она што е уште позагрижувачки, е дека таа дури не би била ни довика ако би се темелела само на редовното работење, односно во тој случај би била загуба. Но, ситуацијата ја „спасиле“ парите од дивиденди, што значи дека ова АД кое некаде е акционер, а тоа е ТТК банка, но и во други банки или фирми, од каде што добива дивиденди, па благодарение на нив зајакнала приходната страна.  

Како што објаснуваат и од самата компанија, редовните приходи, односно приходите остварени од продажба на производи и услуги, за периодот од јануари закклучно со септември годинава, биле на ниво од 703 илјади евра, и како што велат од „Тетекс“, тие се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки. Но, и тие се намалени за дури 62 проценти.

Расходите, пак, биле на ниво од 1,21 милиони евра, што значи дека се поголеми од приходите, и затоа компанијата прикажува оперативна загуба, на сума од 542 илјади евра, која за волја на вистината, е малку пониска од истиот период лани.  

И, тука се јавуваат финансиските приходи, кои и лани ја покриле големата оперативна загуба, но кои годинава се пониски, и изнесуваат 703 илјади евра, наспротти 1,26 милиони евра во трите квартали од минатата година. Како што потенцираат од самата компанија, станува збор за приходи од примени дивиденди.  

Сето ова направило финанлната добивка за девет месеци да изнесува само 168 илјади евра.

„Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД , во  постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход  и позитивен резултат од работењето, согласно финансискиот план за 2024 година“, се вели во објавата од комбинатот на берзата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy