Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата 
Македонија

Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата 

03/09/2025

AA

На денешното рочиште за случајот „Штекли“ во Основниот кривичен суд – Скопје, како сведок на одбраната настапи вештото лице Ѓорѓија Хаџи Ангелковски. Тој даде психијатриска проценка за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли, кој е обвинет за учество во организирана продажба на дрога, оценувајќи дека кај него се забележуваат психотични состојби.

Хаџи Ангелковски наведе дека го посетил обвинетиот во затворот „Скопје“, каде разговорот траел подолго од вообичаено. Во споредба со претходното вештачење, направено пред седум до десет години кога кај Трајковски била дијагностицирана епилепсија, тој констатирал значителни промени во неговата состојба.

– Не е истата личност која ја видов тогаш. Сега се забележуваат психотични епизоди со шизофрени елементи – истакна вештото лице.

Според сведочењето, обвинетиот покажува верување во реинкарнација и тврди дека е воден од „учител“ кој го пренесува од тело во тело, а исто така се повикува и на фиктивна личност која му дава наредби.

– Не станува збор за симулирање. Обвинетиот е студен, емотивно неангажиран, параноиден и раздразлив. Во својот дом поставил камери и е убеден дека е следен – додаде Хаџи Ангелковски.

Одбраната инсистира дека Трајковски не е во состојба да ја следи постапката, додека обвинителството тврди дека е способен да учествува на судење. На прашањето дали обвинетиот е „тотално вон себе“, сведокот одговори негативно.

Судењето ќе продолжи на 5 септември, кога ќе сведочат вешти лица предложени од обвинителството. Судијата Илија Трпков најави соочување на експертите од двете страни, пред да се донесе одлука дали ќе се прифати едно од досегашните вештачења или ќе се нареди ново.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење организиран криминал, опфаќа 10 лица. Истражната постапка траела речиси една година, при што биле користени посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе прифатиле вина и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

На претходното рочиште, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот ја раздвои постапката.

Според обвинителството, групата функционирала организирано со јасно распределени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а на пазарот се нудела по 4.500–6.000 денари за грам кокаин и 200–300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени со помош на системот „Cellebrite“ за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy