Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шестмина од групата на Шеваљ Муареми осудени за убиства и трговија со дрога – водачот во бегство
Македонија

Шестмина од групата на Шеваљ Муареми осудени за убиства и трговија со дрога – водачот во бегство

15/07/2025

AA

Додека водачот на криминалната група, Шеваљ Муареми, и понатаму е недостапен за органите на прогонот, Кривичниот суд во Скопје донесе пресуда против шестмина припадници на неговата група. Тие се прогласени за виновни за тешки кривични дела – организирање злосторничко здружување, двојно убиство и трговија со дрога.

Најтешките казни ги добија Фати Сулејмановски и Шулајб Сулејмановски – 14 години и 6 месеци, односно 15 години затвор, за учество во двојно убиство и делување во организирана криминална група, позната како „Дуќанџик/Грчец“.

Четворица други припадници на групата добија затворски казни од по пет и шест години за трговија со кокаин. Според обвинението, тие во текот на 2020 година, под водство на Шеваљ Муареми и убиениот Орхан Бајрами – Оки, учествувале во набавка, транспорт и продажба на најмалку 15 килограми кокаин на територија на Македонија.

Двајца од осудените се гонети и за двојното убиство во скопската населба Топанско Поле, во кое животот го загубија Африм Бериша и Бурим Вардари. Обвинителството тврди дека убиството било извршено како одмазда, бидејќи Бериша претходно наводно го организирал нападот во хотелот „Александар Палас“, во кој биле цел групата на Муареми.

Групата брои околу 15 членови – дел од нив се во бегство, а други, вклучително и водачот, се сѐ уште недостапни за органите на прогонот. Истражните органи продолжуваат со активности за пронаоѓање на останатите инволвирани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy